Home / бабини рецепти / Бабин лек од ленено семе: Ги исфрла токсините, топи целулит, лечи чир и гастритис

Бабин лек од ленено семе: Ги исфрла токсините, топи целулит, лечи чир и гастритис

Овој напиток има мноштво благодети за здравјето, но покрај тоа помага и за одржување на посакуваната телесна тежина и одлично делува на кожата.

laneno-seme-1408876062-45062Семето од лен содржи безброј корисни материи, во кои се вклучени витамини, минерали, омега-3 масни киселини и растителни влакна, кои ја нормализираат работата на цревата. Лененото семе има моќ да ги исфрли токсините од организмот, да го нормализира метаболизмот, да го намали нивото на шеќер во крвта и да го регулира апетитот.

Ова лековито семе апсорбира некои состојки од храната, ги чисти цревата и истовремено го снабдува организмот со лецитин, кој го стимулира метаболирањето на мастите. Тоа е заради омега-3 масните киселини, кои ги содржи лененото семе, и кои ја активираат работата на потните жлезди во телото, помагајќи во топењето на вишокот масти во организмот, па затоа е идеален домашен препарат за слабењее.

Освен за губење на вишокот килограми, одличен е и за одржување на посакуваната телесна тежина.

Овој природен напиток е препорачан од многу нутриционисти, а исто така е лековит и исклучително корисен за луѓе кои страдаат од гастритис, чир на желудник, хроничен запек и хемороиди. Помага и за лечење на циститис и пиелонефритис.

Напитокот треба да се подготви еден ден претходно. Пред спиење прелијте 3 лажици ленено семе со еден литар зовриена вода и оставете го да отстои преку ноќ. Најдобро е да користите термос, но доколку немате можете да користите тенџере со капак.

Наутро процедете. Би требало да добиете малку густа, желатинеста смеса.

Процедениот напиток конзумирајте го 3 до 4 пати во текот на денот по 150 мл, половина час пред оброкот. Напитокот секогаш се подготвува навечер за да биде свеж утредента, па затоа не правете залихи.

Начин на косумирање:

Напитокот од ленено семе се консумира 10 дена, а потоа следи пауза од 10 дена и повторно се повторува, до постигнувањето на саканиот резултат. На тој начин ќе ја регулирате телесната тежина, а што е најважно, ќе слабеете здраво и сигурно.

Ефектите се индивидуални, но за да се намали телесната тежина потребни се 3-5 вакви третмани.

Овој напиток можете да го конзумирате како појадок и вечера, а за подобар вкус можете да го засладите со мед.

Со редовно консумирање ќе забележите позитивни промени на кожата, која ќе стане поздрава, затегната и еластична. Со овој еликсир, во текот на слабеењето, кожата нема да се опушти, напротив, дури ќе ги растопи масните наслаги на целулитот.

И покрај сите корисни особини на ленот, постојат контраиндикации. Не се препорачува за лица кои имаат сериозно заболување на црниот дроб. Доколку не се работи за сериозно заболување, може да се конзумираат помали количини.

Исто така, имајте во предвид дека ленот активно извлекува песок и камења од бубрег, но тој процес треба да се држи под строга контрола за да не дојде до сериозни компликации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top