Home / сведоштва / Баба Рада: Се собраа лекарите и ми ја укинаа емисијата

Баба Рада: Се собраа лекарите и ми ја укинаа емисијата

Билките на Баба Рада за кратко време станаа хит во Македонија. Потоа заради иницијатива на докторите емисијата беше укината. Екипата на точка направи интервју со Баба Рада, еве што мисли таа за алтернативната медицина.

babaradaВо 2013 година добивте Златна Бубамара на популарноста за емисијата Билките на Баба Рада. Зошто таа емисија повеќе не се емитува?

– Кога ја добив наградата бев навистина изненадена. Даниел Кајмакоски исто доби Златна Бубарамара и неговата изјава беше дека е навистина изненаден и не очекувал дека на 30 и некоја година ќе добие ваква престижна награда, па тогаш што да кажам јас. На мои 68 години добив награда на која многу се радував. За кратко време станав популарна, но тоа не ми значи мене. Ми значат луѓето кои ги запознав и љубовта која секојдневно ја примам и давам. Кога го промовирав првиот дел од мојата книга многу млади луѓе дојдоа за да ме гушнат. Тоа е таа љубов која мене ме исполнува и прави среќна. Имаше одредени отпори од страна на лекарите, од нивното здружение и се донесе одлука емисијата повеќе да не се емитува. Мило ми е дека таа емисија помогна на многу луѓе, влеа надеж и верба и драго ми е поради тоа.

Ваше мислење, која медицина ја преферирате, алтернативната или медицинската наука?

– Јас сум и за едната и за другата, тие треба да бидат во една заедничка спрега. Секогаш во емисијата зборував дека мора да се консултира лекар. Не е возможно во 21 век да не и се верува на обичната медицина, односно медицинска наука. Против сум преголемото нејзино материјализирање. Русија е една од земјите каде што е популарна алтернативната медицина. Германија, Кина, Јапонија би ги вброила исто во земјите каде што алтернативната медицина зема еден сериозен замав. Треба да се семе најдоброто од двете, алтернативната и ортодоксната медицина. Не сум за радикални терапии, сум читала за нив, едуцирала и не ги подржувам. Сепак, здравјето е индивидуална работа и секој сам треба да си одлучи за него.

Познавате ли примери на кои им помогнала исклучиво алтернативната медицина?

– Секој човек е за себе посебна приказна. Зависи од болеста и за каков пример станува збор, но познавам такви случаеви и драго ми е поради тоа. Верувале, се ицелиле, користеле разни методи и сето тоа им помогнало. Луѓето поминуваат низ различни проблеми и искушенија но треба да се има верба, надеж и желба за сето тоа да се надмине.

Целосното интервју дочитајте го на Точка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top