Home / природен лек / Авокадо – Кралското овошје со магични моќи

Авокадо – Кралското овошје со магични моќи

Авокадото, или алигаторската круша, е овошје за кое научниците велат дека има најголем нутритивен статус.

Ова неодоливо тропско овошје го има во повеќе од 80 сорти, поделени во три групи: мексичко авокадо, гватемалско авокадо и западно индиско авокадо. Во следната статија ќе ги разгледаме влијанијата на авокадото врз нашето здравје.

avokado-king-fruit-avokado-01Со авокадото се поврзани многу легенди и преданија. Тоа е овошје кое секогаш било нарекувано величествено, кралско или магично. Потекнува од Средна и Јужна Америка, таму се сметало дека авокадото има магични моќи, затоа редовно било послужувано на кралските трпези, а царските принцези морале да го консумираат.

Нутритивен статус

Енергетската вредност на 100 грама авокадо е 160 kcal или 669 kJ. Од ова тоа содржи:

■ 2% протеини
■ 14,6 % масти
■ 8,5% јаглехидрати
■ 0,6 % шеќери

Од минералите, авокадото е одличен извор на бакар, калциум, магнезиум, а содржи многу малку натриум. Од витамините одличен извор е на витаминот Ц, а од групата на Б витамини, најмногу содржи пантотенска киселина. Во помала количина содржи и рибофлавин, нијацин и витамин Е.

Лековити својства – За авокадото пред се мора да се нагласи дека е моќен чувар на срцето и крвните садови. Го регулира притисокот и работата на срцето, а има моќ и во намалување на нивоата на холестерол и триглицериди. Благодарејќи на многуте антиоксидансни материи кои се содржат во авокадото, тоа се наоѓа речиси на врвот на антиканцер намирниците, докажано влијае врз намалување на шансите за карцином на дојка и простата – велат нутриционистите. Авокадото било многу пати тестирано и сите резултати покажале дека тоа е мелем за простата, освен што двојно го намалува ризикот од карцином на простата, дава одлични ефкети при лекување на бенигна простатична хиперплазија – велат научниците. Авокадото има позитивен ефект врз скоро сите системи, но мораме да го издвоиме и дигесивниот систем, бидејќи истражувањата покажале дека авокадото го подобрува варењето, формирањето на столицата, штити од карцином на дебело црево и хемороиди. Можеме да заклучиме дека после се она што го напишавме, авокадото навистина има кралска вредност за нашиот организам.

Кога сме кај авокадото не можеме, а да не го спомнеме и маслото од авокадо. Ова масло е исто толку здраво како и маслиновото масло па може да се користи во припремањето на многу вкусни салати или други видови на специјалитети. Покрај се маслото од авокадо е идеално за масажи, третмани на рани и други видови козметички зафати. Има антибактериско дејство, продира длабоко во кожата, ја разнежнува и подмладува. Масажа со масло од авокадо е мелем за човековата кожа – велат задоволните клиенти на козметичарите и масерите кои со години се занимаваат со масажи и козметички третмани на база на масло од авокадо.

Tocka.com/mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top