Home / Болести и лечење / АНТИБЕБИ ПИЛУЛИ, ЦИГАРИ… Ризик фактори за појава на рак на грлото на матката

АНТИБЕБИ ПИЛУЛИ, ЦИГАРИ… Ризик фактори за појава на рак на грлото на матката

Најзначаен ризик фактор за појава на рак на грлото на матката е инфекцијата со хуман папилома вирус (HPV). Како останати ризик фактори се сметаат пушењето, употребата на контрацептивни таблети, бројот на сексуални партнери како и намалениот имунитет кај жената.

cervical-cancerКако најзначаен ризик фактор се смета HPV вирусот кој што е идентификуван во повеќе од стотина различни типови. Не сите од нив се причинители на рак на грлото на матката. Поради тоа различните типови од овој вирус се класифицираат како високо и ниско ризични. Типовите 6 и 11 можат да предизвикаат појава на брадавици но не и на рак, додека пак типовите 16 и 18 се сметаат за високо ризични и кај некои жени можат да предизвикаат рак на грлото на матката. И покрај ризик факторот што го носи со себе оваа инфекција, се смета дека е потребно подолготрајно присуство на инфекцијата во телото за да предизвика такви несакани последици.

Според статистиката, ракот на грлото на матката е почест кај оние жени кои што имале повеќе од еден сексуален партнер или кај оние чии што партнери имале повеќе од еден сексуален партнер.
Пушењето цигари, односно внесот на никотин го зголемува ризикот за појава на рак на грлото на матката до седум пати повеќе во однос на жените кои што не пушат. Со откажувањето од оваа лоша навика ризикот значително се намалува.
Ризикот за појава на овој тип на канцер се зголемува доколку жената подолготрајно го контролира раѓањето со помош на употреба на контрацептивни таблети. Но секак контролата на раѓање со помош на естроген се вбројува меѓу најниските ризик фактори. Кај жените кои што користат контрацептивни таблети но истовремено немаат присуство на хуман папилома вирус во организмот нема значителен ризик за појава на рак на грлото на матката.

Намалениот имунитет кај жените се смета дека го зголемува ризикот поради тоа што овие жени се поподложни на инфективни заболувања, меѓу кои е и HPV вирусот.

Мама365.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top