почна со работа повикувачкиот центар на „Ало докторе“. Од осум часот граѓаните ќе можат со јавување на телефонскиот број 15-123 да се консултираат за определена здравствена состојба или симптоми што ги чувствуваат. Телефонот е наменет за полесни случаи односно полесна симптоматологија се со цел за такви работи да не се оптеретува Брза помош.
Во проектот, како што информира министерот за здравство Никола Тодоров, се вклучени доктори специјалисти со најмалку 10 години искуство што е различно од диспечерите кои се јавуваат во Итната медицинска помош кои што се општи лекари, а дел од специјалистите се и штотуку пензионирани доктори.
На телефонот совети ќе делат и 39 директори на скопските клиники и здравствени установи во главниот град. Ќе работат по една смена во месецот во кол-центарот „Ало докторе“ по четири часа.
– Тоа значи дека секој ден од 18 до 22 часот ќе има по еден доктор, кој што е директор во некоја од клиниките, односно специјалист или доктор на науки со огромно искуство, кој ќе прима повици и ќе дава совети на граѓаните кои што сметаат дека имаат потреба да се јават на овој телефон, рече Тодоров.