Постојат многу начини за детоксикација на организмот – ова се чаевите кои ќе ви помогнат да ја вратите енергијата, да го подобрите метаболизмот и да го зајакнете имунитетот.
Ѓумбир
Овој корен е вистински еликсир за желудникот. Освен што од минатото е познат како додаток на храната тој исто така е и „чувар на организмот“. Тој благотворно делува на желудникот и врз целиот дигестивен систем. Нека ѓумбирот ви биде прв избор доколку во празниците изедете премногу. Можете да го додадете и како зачин, а освен што го зајакнува имунитетот, тој ќе ви помогне да го забрзате варењето и преработката на храната во желудникот. Доколку не сте љубител на зачинот, тогаш направете чај. Можете него едноставно да го приготвите.
За две шолји чај ви е потребен еден корен од 5 сантиметри дебелина. Излупете го и исечете го на плочки и варете го на тивок оган во половина литар вода некои 15-тина минути. Исцедете и зачинете го со лимон и мед по желба. Наспоменуваме дека трудниците и луѓето кои патат од згрутчување на крвта не смеат да го консумираат ѓумбирот во никаков облик.
Нане
Нането одамна е познато по своите лековите својства, а во времето на празниците особено ќе ви биде од помош бидејќи го забрзува метаболизмот и ги отстранува насобраните течности и наслаги околу стомакот. Доколку сте во можност користете домашно, не праработено нане.
За една шолја чај доволна ви е една мала лажица сушено нане кое ќе го прелиете со зовриена вода. Оставете го десетина минути, а потоа исцедете и пијте го свежо подготвено. Овој чај е најдобар да се пие пред главниот оброк или пак два пати на ден.
Морски алги
Алгите се познати како одличен избор доколку сакате да ослабете некој килограм. Богати се со витамини и минерали, антиоксиданси, минерали кои учествуваат во разградувањето на маснотии околу стомакот и помага во исфрлувањето на вишокот вода, но и на јодот кој е потребен за создавање на тироидните хормони. Тироидот преку хормоните го регулира метаболизмот и брзината со која телото ги согорува маснотиите. Алгите содржи и минерали кои учествуваат во разложувањето на мастите околу стомакот и помагаат во исфрлувањето на вишокот вода
Анасон
Овој коренест зеленчук има добар ефект врз варењето, го намалува отекувањето на телото и помага во исфрлувањето на токсини и вишокот на течности.
Чајот од анасон помага во задржувањето на чувството на ситост и помага во организмот да внесете помалку калории.
Зелен чај
Содржи минерали што го поттикнуваат губењето на телесната тежина, но благотворно делуваат на целиот организам. Зелениот чај е ефикасно средство за прочистувањето на организмот, бидејќи го зголемува производството на клучните ензими и на тој начин го поттикнува излачувањето на штетните материи од организмот.
Хибискус
Хибискусот е еден од најубавите цветови од тропските земји. Има препознатива црвена боја и киселкаста арома, како и благотворни својства кои се ценат со векови наназад. Едно од тие својства е регулацијата на телесната маса.
Хибискусот е вреден извор на витамин Ц и флавоноиди кои помагаат во детоксикација на организмот. Хибискусот воедно е и диуретик, па го намалува чувството на подуеност.
Најдобрите ефекти се постигнуваат ако пиете чај од хибискус еднаш до два пати дневно.