Free songs
Home / природен лек / Ако сакате да пукате од здравје: Ајдучка трева – лечи еден куп болести

Ако сакате да пукате од здравје: Ајдучка трева – лечи еден куп болести

Ајдучката трева, или столисникот, е исправена билка со висина до 80 сантиметри. Бојата на стеблото е светлозелена ил црвено-кафеава. Има безброј перјасти ливчиња, и ја карактеризира прекрасна миризба.

ajd-trev-jb-01Ботаничкото име (Achilea millefolium) и’ е дадено по грчкиот јунак Ахил, и има значење дека дава сила. Најземниот дел од билката во цветањето содржи еден отсто етерично масло, влавоноиди, витамин К, горчлива материја ахилеин, смоли, стереоли, танини и друго. Етеричното масло на ајдучката трева се добива со дестилација со помош на водена пареа, а содржи пинен, цинеол, тујон, камфор, лимонен, борнеол.

Оваа билка е распространета по целата Европа, расте поединечно или во голем збир на ливадите и пасиштата.

Лековит дел на билката:

за време на цветањето се собираат цветовите со кратки петлици, и целата билка најмногу до 30 сантиметри должина. Поради високата содржина на горчливи материи и етерични масла, ајдучката трева се вбројува во горчливи дроги. Цвета преку целото лето.

Се користи во облик на чај за подобрување на апетитот, кај желудечните тегоби, како и за тешкото варење. Во народната медицина се користи за зараснување на раните како хемостипик и за ублажување на болката.

Ајдучката трева се наоѓа во составот на горчливите чаеви за чистење, засилено лачење на жолчка, за нормализација на метаболизмот и за смирување. Однадвор се употребува како антифлогистик, слично на камилицата, за испирање, како купка, и за облоги.

Поради витаминот Ц се препорачува кај крварење и хемороиди. При употребата на ајдучката трева треба да се знае дека кај пречувствителните лица може да предизвика алергија. Затоа луѓето со чувствителна кожа треба да користат само млада, штотуку расцветана билка, а чај да пијат во мали количества.

Лековито дејство:

ajd-trev-jb-05

ја чисти и зајакнува крвта и дигестивниот систем, посебно е корисна за лечење на црните дробови, слезината, против жолтица, преголем доток на крв во главата, воспаление на цревата и желудникот, кај грчевите, грозницата, силно лупање на срцето, несоница, разни осипи и чирови, болки во коските и грбот, нередовна менструација…

Чајот од ајдучка трева успешно лечи и испукана кожа, ранливи брадавици кај доилките, како и псоријаза. Исто така се употребува и за ангина пекторис, и тоа како чај.

Кај лицата со нервни заболувања се препорачува често миење на телото со студен чај, и тоа наутро и навечер. Ги намалува тешкотиите и од гихт и ревматизам. Спаѓа и меѓу средствата кои делуваат со својот горчлив вкус на слузокожата на желудникот, па така поттикнува излачување на желудечен сок, а со самото тоа и го пробудува апетитот.

tocka.com.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top