Home / аларм / Ако не менуваte постелнина неделно, ризикувате егземи, астма …

Ако не менуваte постелнина неделно, ризикувате егземи, астма …

Британската анкета на 2.000 луѓе открила дека само двајца од петмина луѓе ја менуваат постелнината на една недела.

deco pillowsСпоред лекарите постелнината мора да се менува секоја недела, во спротивно создаваме плодно тло за многу болести.

Една петтина луѓе не ја менуваат постелнината дури ниту еднаш месечно, така нечистиот чаршаф е полн со грини кои предизвикуваат многу видови алергии.  Спиењето често на нечиста постелнина може да е директен предизвикувач на астма, егзема и затнат нос.

Истражувањето покажало дека на две недели постелнината ја менуваат 36 проценти луѓе, додека 17 проценти признаваат дека ја менуваат валканата постелнина само еднаш месечно или поретко.
Доктор Адам Фокс, педијатарски алерголог во водечката лондоска болница, вели дека според нивните статистики токму оваа состојба е виновна за алергиит кај пациентите кои се лекувале во болницата.

– Една третина од животот поминуваме спиејќи, и за тоа време оставаме отпадоци во креветот: клетките кои отпаднале од триење, телесните флуиди, потта и маслото, се што ги привлекува грините – вели д-р Фокс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top