Free songs
Home / аларм / Ако имате вакви сиптоми, веднаш посетете гинеколог

Ако имате вакви сиптоми, веднаш посетете гинеколог

Топлото време е рај за бактерии. Ако почувствувате некој од овие симптоми, зголемен секрет, црвенило, болките при половиот однос, зачестено мокрење, дефинитивно имате вагинална инфекција и мора одма да почнете со нивно лечење.

bakterija-300x168Бактериите и габичките кои живеат во вагината во нормални услови не предизвикуваат тегоби. Нормалните вагинални бактерии со помош на хормоните во јајниците, од шеќерот произведуваат млечна киселина и вагиналната средина е закиселена, а таа киселост го спречува размножувањето на патогени бактерии и габички кои ве штитат од воспаленија.

Но, ако се наруши рамнотежата на вагиналната флора, присутните причинители може да го предизвикаат воспалението.

Честото користење неадекватни интимни гелови кои ја намалуваат киселоста на вагината создаваат плодна површина за габички кои најчесто ги напаѓаат оние кои носат танги, тесна облека од синтетички материјали кои предизвикуваат потење. Услугата на габичките им правите и кога пиете засладени пијалаци.

Стресот е предизвикувач на инфекции

Кандидата е габичка која е вообичаено присутна во вагината, но во променети услови може да предизвика воспаление. За настанување на воспаление не е неопходен полов однос, а размножувањето на габичките помага и намалениот имунитет и стресот. Габичките добиваат простор за раст и при примената на антибиотици бидејќи се уништува вагиналната флора. Го погодува и зголеменото ниво на шеќер во крвта.

Што може да ви помогне?

За интимната нега употребувајте гелови со ниска pH вредност од 4,5 до 5, но најдобро е да се измивате само со вода. Избегнувајте парфимирани марамчиња, бидејќи можат да предизвикаат иритација која го поттикнува настанувањето инфекции. Капењето во када заменете го со туширање, а по пливањето облечете сув костум за капење. Бидете умерени со слатките и зајакнете го имунитетот со здрав начин на живот и здрава исхрана.

Хигиената е половина превенција

За време на менструацијата, тампоните или влошките менувајте ги барем на секои 3-4 часа. Ако се развие габична инфекција, долната облека ставајте ја да откисне и испеглајте ја по сушењето, бидејќи вообичаеното перење не ги уништува бактериите.

Денешен

moja bolnica2

Повеќе информации на следниот линк

Моја Болница Скопје – (сајт)

Моја Болница – Скопје (фејсбук)

Phone +389 2 2. 511-2016; 511-2017; 204-5577; 072. 273-934
Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top