Повеќето од нас размислуваат за својот следен одмор, уште првиот ден при враќањето на работа. Но, работата честопати претставува стрес, со кој потсвесно цело време се бориме.
Така, постојат физички знаци, кои укажуваат дека навистина ни е неопходен одмор.
Ако препознаете некој од следниве 8 знаци кај себе време е да направите мала пауза од работата и секојдневието:
1. Главоболка
Вашето тело ви сигнализира дека имате потреба од одмор доколку почувствувате непријатност во пределот на главата. Преголемиот обем на работа, често резултира со умерена до тешка болка во главата, вратот и очите. Исто така, високото ниво на стрес може да доведе до напади на мигрена.
2. Проблеми со варењето на храната
Кога вашиот мозок работи со полн капацитет подолго време, најмногу страда дигестивниот тракт. Тоа создава проблеми со варењето на храната и болки во стомакот.
3. Зачестени настинки
Стресот го забрзува отчукувањето на срцето и ја забрзува циркулацијата на крвта. Ова, во комбинација со зголемен крвен притисок, предизвикува намалување на имунитетот, што резултира со зачестени настинки.
4. Невообичаено дебелеење
Стресот често доведува до зголемување на телесната тежина. Ова е предизвикано од зголемувањето на хормонот кортизол, кој го зголемува апетитот за јадење. Зголеменото количество на прости јаглехидрати во исхраната, ја зголемува телесната тежина.
5. Болка во стомакот
Како што веќе споменавме, стресот предизвикува проблеми со дигестивниот систем. Болката во стомакот и гадењето може да бидат симптоми за недостаток на одмор.
6. Замор
Доколку имате потешкотии со будењето, и едвај успевате да останете будни, имајте на ум дека постојаниот замор исто така е знак за преголем обем на работа.
7. Болка во градите
Болката во градите, честопати нема никаква врска со срцето и е од чисто невролошко потекло. Доколку често чувствувате краткотрајна болка во градите, обидете се да се релаксирате. Но, не заборавајте дека стресот може да предизвика срцева слабост, па доколку почувствувате проблеми со срцето, консултирајте се со вашиот лекар.
8. Намалена сексуална активност
Намалениот сексуален нагон, може да биде знак дека имате потреба од добар одмор. Доколку вие или вашиот партнер ја изгубите желбата за водење љубов, тогаш дајте си пауза од секојдневието и рутината.