Околу 30 отсто од храната што ја јадеме зависи од опрашувањето извршено од пчелите. А опрашувањето е само една од корисните активности на овие инсекти. Покрај мед, млеч и прополисот, на медицината одамна и е позната моќта на пчелиниот отров. Новите истражувања го поврзаат и за лечење на СИДА-та.
Една нова студија покажа дека отровот од пчели може да убие дури и ХИВ. Истражувачите од универзитетот во Вашингтон, Washington University School of Medicine u St. Louisu, покажаа дека една супстанција наречена melittin која се наоѓа во отровот, може да убие ХИВ преку создавање на ситни пори во обвивката што го опкружува вирусот.
Научниците се надеваат дека ова откритие би можело да доведе до производство на вагинален гел со кој може да се спречи ширењето на ХИВ или ќе се инјектира интравенски кај заболените пациенти.
Пчелниот отров, Apis mellifera, во античката и современата медицина
Добрите познавачи на пчелите користат природен метод за лекување на различни болести – едноставно чекаат пчелата да ги “касне“ на болното место (се разбира ова се мали дози). И модерната медицина од пчелиниот отров прави лекови.
Последователни контролирани дози на пчелиниот отров инјектиран под кожа, го стимулира имунолошкиот систем да се навикнува на отровот и така, меѓу другото, помага во намалување на алергиска реакција на пчелиновиот отров.