Овој зеленчук е уникатен поради неговата висока содржина на антиканцер соединенија и каротеноиди и е извор на фолна киселина. Цвеклото е полно со антиоксиданси, кои го штитат организмот од предвремено стареење и помага во лекувањето на многу болести. Содржи и бетацијамин – пигмент кој му дава на цвеклото црвена боја. Овој пигмент се апсорбира во крвта и ја зголемува способноста на крвта да го пренесува кислородот и до 400%. Важно е да се знае дека листовите на цвеклото не треба да ги фрламе. Богати се со бета-каротин, фолна киселина, хлорофил, калиум, витамин Ц и железо. Од листовите на цвеклото може да се направи сок или да се подготвува како спанаќ.
Цвеклото има лековито дејство кај 15 болести меѓу кои се: анемија, артериосклероза, хипертензија, дијабетес, помага кај болести на тироидната жлезда, ја подобрува меморијата и сонот, помага во периодот на климакс и го зајакнува имунитетот.
Единствен пропратен ефект е што урината станува црвенкаста при конзумирање поголемо количество цвекло, но тоа е безопасно.
Цвеклото е традиционален лек против леукемија. Овој зеленчук содржи аминокиселина бетаин, која има антиканцер својства. Циклусот на третман, кој вклучува дневна доза на сок од цвекло или рендано сурово цвекло, има позитивен ефект на леукемија и многу други видови на рак. Редовното пиење на сок од цвекло помага против болестите предизвикани од оксидативен стрес. Влакната кои ги содржи цвеклото може да го намали нивото на холестерол и до 40%. Познато е дека цвеклото го нормализира крвниот притисок и помага во одржување на еластичноста на артериите.
Редовното пиење на сок од цвекло може да помогне во спречување на проширени вени. Железото од црвеното цвекло е моќна алатка за чистење на организмот од отрови и за создавање на крвта. Затоа, цвеклото е ефикасно во лекувањето на многу заболувања предизвикани од токсини. Цвеклото посебно се препорачува за бремени жени поради неговата висока содржина на фолна киселина. Фолната киселина може да помогне да се спречат многу болести кај новороденчињата. Сокот од цвеклото ги стимулира црниот дроб и жолчката и спречува запек. Во комбинација со сок од морков е одличен лек за гихт, бубрези и за жолчка. Познато е дека цвеклото помага при главоболка, забоболка, дизентерија, исхемија, проблеми со кожата, менструалната болка.