Масното ткиво е израсток на кожата, кој може да се појави каде било на телото, а се состои од наталожени масни клетки. Претежно претставува само естетски проблем, кој не му штети на вашето здравје.
Најчесто се појавува кај лицата постари од 40 години, но нема правило. Често се појавува на главата, на рацете, на грбот, вратот, нозете околу очите и на други делови од телото. Докторите советуваат масното ткиво да се отстрани по хируршки пат, што е рутинска операција и не трае подолго од половина час. Но, за оние кои не сакаат да легнат под скалпел, нудиме неколку рецепти за природно лекување, кои би помогнале во повеќето случаи.
Брашно и мед – Од брашно и мед направете смеса со дебелина од еден см и големина потребна да се прекрие целото масно ткиво. Добиената смеса не треба да биде премногу леплива. Нанесете ја смесата на масното ткиво и врз неа ставете хартиено шамиче или газа за да не ви се лепи на облеката. Држете ја смесата на местото 36 часа, а потоа направете нова и повторно ставете ја на масното ткиво. По седум дена, ткивото би требало да прсне и да истече насобраниот гној.
Прополис – Нанесете прополис на проблематичното место и повторувајте ја постапката неколку дена.
Жолчка и сол – На овој начин може да го отстраните ткивото за два-три дена. Измешајте една жолчка со 2 лажици сол и со смесата намачкајте на масното ткиво. Добро втријте ја на местото три-четири пати на ден.