Сируп за синуси
Сомелете ситно исечкан рен 50 г, 20 г корен од ѓумбир, 20 г цикорија и една лажичка цимет. Добиената смеса ставете ја во стаклена тегла и добро затворете ја, држете ја на топло место и мешајте ја секојдневно во наредните 10 дена. Секое утро се зема по една лажица, 30 минути пред појадок.
Облоги за синуси
Изрендајте рен и ставете го во шише од 0,5 л, потоа наполнете го со вински оцет до врв, затворете и чувајте на топло место 10 дена и повремено мешајте. Потоа отворете го шишето и секојдневно вдишувајте по 5 минути на секој час. На полноќ пред спиење во постелата ставете малку од смесата, или држете го шишето блиску до вас. Лете без перница. Оваа терапија трае 5 дена.
Природно лекување синуси
Најдобро е кога има сонце и кога сте на море. Доколку немате можност да одите на море, можете да си растворите во дестилирана вода нерафинирана морска сол и потоа како капки ставајте ги во носот неколку пати на ден.