Home / природен лек / Цимет – за мозок, варење, габични инфекции …

Цимет – за мозок, варење, габични инфекции …

Меѓу другото, циметот е исклучително поволен во лечење на инфекции, болести на срце, дијабетес… Неговата вредност некогаш ја надминувала и онаа на златото.

Еве зошто:

cimet1383355427_thumb_medium490_01.Ја подобрува работата на мозокот – Мирисот и вкусот на цимет, како што тврди неодамнешно истражување, стимулира активност во мозокот и ја подобрува концентрацијата, визуелното паметење и меморија и брзината на реакциите.

2.Го подобрува варењето – Циметот е одличен извор на манган, прехранбени влакна, железо и калциум. Спојот на калциум и влакна поволно влијае врз дигестивниот тракт зошто оваа комбинација се сврзува за жолчните соли и помага при нивно излачување надвор од телото. На тој начин сте заштитени од карцином на дебелото црево и високо ниво на холестерол.

3.Ја зајакнува косата – Антиоксидансите во циметот одлично ги регенерираат влакната и го хранат скалпот.

4.Помага во борбата со вишокот килограми – Секојдневната конзумација спречува натрупување на масти во телото, покрај тоа антиоксидансите го стабилизираат нивото на шеќер во крв и ја намалуваат потребата за јаглени хидрати.

5.Ефикасен против габични инфекции – Циметот има неверојатно дејство врз габичните инфекции, кои во поголемиот број случаи се отпорни на лекови. Содржи активни материи: еугенол и цинамалдехид, кои се делотворни против Ешерихија коли.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top