Home / нови лекови / ТЕСТ – кој открива дали пушачот е близу до рак на белите дробови

ТЕСТ – кој открива дали пушачот е близу до рак на белите дробови

Ќелиите од носот и устата реагираат поинаку на инфрацрвената светлина кај луѓето кои се подложни и оние кои немаат опасност да развојат рак на белите дробови.

pusenje-830x553Резултатите на тие тестови би можеле да помогнат во порано откривање на рак на белите дробовим пто драстично ја поправа шансата за целосно излекување.

Во споредба со останатите типови на рак, процентот на излечени од рак не се поравил многу во последните децнии. Само 10 одсто од пациентите живеат пет или повеќе години после дијагностицирањето. Главната причина е доцно откривање на болеста.

Професорот Сем Џејмс вели дека ова е неивазивен тест кој може да им помогне на оние со најголем ризик – возрасните пушачи – порано да го откријат ракот на белите дробови.

„Нашата желба е пушачите да можат да даваат брис во најблиската амбуланта или аптека и тој примерок да се проследи на понатамошна анализа. Што порано го откриеме ракот на белите дробови, поголеми се шансите за излекување“, објаснува Џејмс.

Според неговите зборови, ќелиите во белите дробови, устата и носот кај пациенти кои развиваат тумори на белите дробови може да имаат ситни абнормалности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top