Home / нови лекови / Крај на боцкањето – Создадено првото инсулинско апче

Крај на боцкањето – Создадено првото инсулинско апче

Лекарите од американскиот универзитет Санта Барбара го создадоа првото во светот апче преку кое се внесува инсулин во организмот на дијабетичарите, без користење инјекции, што треба да го олесни психолошкото прифаќање на овој хормон, беше истакнато на конгресот на фармацевтската асоцијација на САД во Орландо.

apce dijabet„Кога зборуваме за дијабетесот, исклучително ни беше важно да создадеме метода за доставување на инсулинот во организмот преку орален пат. Сега дијабетичарите треба да го инјектираат инсулинот седум пати дневно, и тоа честопати претставува голем проблем за нив. Психолошките непријатности честопати доведуваат до нарушување на режимот на земањето лекови, појавување компликации и хоспитализирање“, вели Самир Миртаготри, која учествувала во истражувањата на Универзитетот Калифорнија во Санта Барбара.

Како што појаснуваат лекарите, главниот проблем со оралното внесување на инсулинот во организмот се состои во тоа што неговиот молекул лесно се разградува од страна на дигестивните сокови во желудникот и цревата, па поради тоа научниците веќе неколку децении работат на изнаоѓањето решение за заштита на молекулот на хормонот од системот за варење.

Митраготри и нејзините колеги првпат успеаја да создадат апче коешто има способност не само орално да го достави инсулинот во човековиот организам, туку истовремено и да ја намали дозата од лекот, научувајќи да создаваат специјални „нанофластери“, кои можат да се закачат за цревните ѕидови.

Овие фластери, спакувани во заштитната капсула, заштитувајќи ги од желудечната киселина, имаат две цели – го спречуваат разложувањето на молекулите на инсулинот, заштитени во внатрешноста на апчето, и го олеснуваат нивното навлегувањето во крвотокот низ ѕидовите на тенкото црево.

Овие апчиња сé уште не се одобрени од регулаторните тела и треба да ги минат клиничките тестирања на животни и на луѓе. Откако ќе бидат добиени одобрувањата, научниците од универзитетот во Санта Барбара ќе се обидат овие таблети со „нанофластери“ да ги испитаат и при земање други лекарства и препарати, како хормонот на раст, антитела и вакцини, кои, исто така, се разложуваат од ферментите и киселините во желудникот и во цревата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top