Home / природен лек / Само едно јаболко на ден – еве што се ќе ви излечи

Само едно јаболко на ден – еве што се ќе ви излечи

Без оглед на тоа дали е црвено или жолто јаболкото е ризница на хранливи состојки и има многу причини да го јадеме почесто.
Еве седум причини зошто треба да јадеме барем по едно јаболко на ден.

jabolka 11.Содржи значајни антиоксиданси
Иако повеќето од овошјата и зеленчуците содржат антиоксиданси, јаболкото го содржи многу битниот – кверцетин кој го намалува штетното влијание на слободните радикали, го зајакнува имунитетот и нè штити од многу други заболувања.

2.Го чува нашиот вид
Со оглед дека се богати со антиоксиданси, јаболката можат да делуваат превентивно и врз појавувањето на катарактата.

 

3.Богато е со влакна
Јаболкото е одличен извор на влакна, па така го помага правилното работење на системот за варење. Освен тоа, влакната можат да го регулираат апетитот и да нè задржат сити подолго време.

4.Го чисти црниот дроб
Ова сочно овошје е поволно за здравјето на црниот дроб и му помага да се ослободи од токсините. Еве ни можност за детоксикација на едноставен и вкусен начин.

5.Го заштитува здравјето на срцето
Еден од најважните здравствени благодети на јаболкото е неговото влијание врз срцето. Влакната со кои јаболкото обилува го намалуваат нивото на лошиот холестерол со што се намалува ризикот од срцевите заболувања. Токму јаболкото го спречува запушувањето на артериите, и така го намалува ризикот од срцевиот удар.

6.Ја зголемува издржливоста
Ако сакате да ја зголемите издржливоста, изедете јаболко пред тренинг. Јаболкото го зголемува дотокот на кислородот во белите дробови, па ќе можете подолго и полесно да вежбате.

7.Помага при слабеењето
Веројатно сте слушнале дека луѓето кои водат сметка за својата исхрана имаат повeќе помали оброци во текот на денот. Јаболкото се смета коко еден оброк, а особено е корисно во утринските часови кога може да го забрза губењето на килограмите. Кога ќе огладните, изедете јаболко наместо чоколадо или чипс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top