Home / природен лек / Ги зголемува градите, влијае на машката потенција, а потполно е природно

Ги зголемува градите, влијае на машката потенција, а потполно е природно

Природата не била дарежлива кон сите нас, а за оние чијшто сон е да имаат поголеми гради, сега постои сосема природно решение. Со помош на ова семе можете да го зголемите обемот на градите за дури два броја!

Волшебното семе од пискавица може да се најде во било која продавница за здрава храна, а богато е со протеини, минерали и витамини. Исклучително е хранливо и има многу добри ефекти на здравјето.

caj piskavicaВо западната медицина, семето од пискавица (тилчец) се користи за инфекции на грлото, белите дробови и дишните патишта. Одлично делува и во борбата против алергиите и треската, бидејќи ја стимулира работата на бубрезите и белите дробови и го загрева телото. Исто така го намалува и нивото на холестерол, но и го подобрува варењето.

Со семе од пискавица до поголеми гради

Знаеме дека звучи нереално, но семето од пискавица навистина може да ви помогне да ги зголемите градите. Ова семе содржи голема концентрација на фитоестроген кој влијае на растот на градите.

Постојат два начина на кои што може да го користите ова семе: масажа или чај.

Масажа

Ставете семе од пискавица во вода и оставете го да преноќи. Искористете ја оваа вода за наредниот ден со неа да ги измасирате градите.

Чај

Во мало тенџере ставете 200 милилитри ладна вода и 2 лажици семе од пискавица. Ставете го тенџерето на ринглата и почекајте додека водата да зоврие. Кога ќе почне да врие, тргнете го тенџерето од шпорето и оставете да отстои 20 минути. Процедете го семето и по желба додадете малку лимон и мед. Не пијте повеќе од две шолји на ден.

Природна вијагра за мажи

Семето од пискавица исто така е одлично и за мажите бидејќи содржи диосгенин, супстанција којашто дејствува како вијагра. Едно истражување покажа дека семето од пискавица е одличен афродизијак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top