Home / нови лекови / Француски научници произвеле ин витро сперматозоиди

Француски научници произвеле ин витро сперматозоиди

Научници од францускиот град Лион тврдат дека успеале да создадат сперматозоиди ин витро од матични клетки од тестиси.

spermatozoidiТие тврдат дека станува за преседант во светот, кој може да претставува револуција во третманот на машката неплодност. Веста може да предизвика надеж кај илјадници мажи кои се наоѓаат под третман за неплодност.

Научниците од лабараторијата за биотехнологија Калистем од Лион ја објавија оваа вест уште во мај, но дури денеска ги обелоденија деталите за откриетот под закрила на Националниот институт за научни истражувања на Франција.

Научниците успеале да добијат ин витро сперматозоиди од глушец, потоа од мајмун и на крај од човек. Нив им биле потребни 20 години на научни испитувања за да се создадат услови за култивирање на матични клетки кои ќе ја овозможат сперматогенеза, односно трансформација на сперматогоните (матичните клетки од теститите) во сперматозоиди, по вештачки пат.

Процесот на сперматогенезата е од најсложените механизми од физиолошка гледна точка, бидејќи трае 72 часа. Оваа техника, ако се покаже дека е упсешна, според научниците, ќе може да ги реши проблемите со машката неплодност во 30 до 50 отсто слуачи.

Сепак тие предупредуваат дека за да се постигне ова ќе бидат потребни повеќе години, односно треба да се провери квалитетот на сперматозоидите, потоа споредување на ин витро сперматозоидите со оние ин виво и само пота ќе можат да започнат клиничките тестови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top