Home / аларм / Шокантно: Секој ден во телото ги внесуваме ОВИЕ РАБОТИ – кои не убиваат

Шокантно: Секој ден во телото ги внесуваме ОВИЕ РАБОТИ – кои не убиваат

Во секојдневната исхрана внесуваме многу штетни состојки, за кои воопшто не сме ни свесни.

Прочитајте кои се штетните состојки кои несвесно секој ден ги внесуваме во нашето тело и што да преземете за да се заштитите од нив.

labaratorijaБисфенол А – тоа е главна состојка на пластичните шишиња, а се користи и за обложување на внатрешноста на лименките. Го поттикнува предвременото влегување во пубертет и може да предизвика проблеми со плодноста и оштетување на срцето. Избегнувајте конзервирана храна. Ако користите пластични шишиња, задолжително бирајте ги оние со ознаката BPA free

Фталати – Се наоѓаат во пластичните кеси, во козметиката и некои гелови. Ја нарушуваат хормоналната рамнотежа во телото, а посебно го нарушуваат лачењето тестостерон. Избегнувајте производи со вештачки мириси и трудете се храната да ја ставате во стаклени и керамички садови наместо пластични.


Перхлорати –
Перхлорати најмногу има во јајцата, млекото, овошјето и зеленчукот.Влијаат на работата на штитната жлезда и го отежнува користењето на јодот. Фокусирајте се да го збогатите менито со храна богата со јод како на пример морски плодови.

Олово- Најголемиот загадувач кој може да се пронајде дури и во водата.

Може да предизвика зголемување на хормонот за стрес, кортизол, како и да се наталожи во пределот на нозете и да предизвика проблеми со моториката и циркулацијата.Обидете се да јадете органска храна и да пиете филтрирана вода.


Жива –
Живата е нуспроизвод на тешката индустрија која може да се најде во голем број од рибите и морските плодови.Ги оштетува клетките на панкреасот кој го регулира нивото на шеќер во крвта. Не ги избегнувајте рибите и морските плодови, но бирајте помали риби затоа што колку е рибата помала, толку се намалува и можноста за апсорбирање на овој метал.

Перфлуорирани хемикалии – Се наоѓаат во картоните за пица или пакетчињата за пуканки направени во микробранова. И овие хемикалии влијаат на работата на штитната жлезда, а со самото тоа и на сите хормони во телото. Неколку истражувања откриле дека можат негативно да влијаат и на плодноста кај двата пола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top