Воспалението на бешиката е проблем кој ги мачи многу жени, посебно во летниот период кога се тие посклони на вакви состојби. Неретко воспалението резултира со одење на лекар, кој препишува некакви антибиотици, кои пак може да бидат причина за нова низа тешкотии како габични инфекции.
Со овие два рецепти проблемите со бешиката можете успешно да ги решите. Делотворноста ја потврдиле многу жени, а првиот се пренесувал од колено на колено од времето на нашите баби.
1. Лук во вода
Сè што ви треба се 2 дл топла вода и 5-6 чешниња лук. Ликот иситнете го, па прелијте го со топлата вода и оставете го да отстои 10 минути.
После тоа процедете го и испијте ја течноста. Течноста можете да ја засладите со мед по желба. Пијте го напитокот двапати на ден два дена по ред. Резултатите ќе бидат неизоставни.
2. Банана и магдонос
Магдоносот е познат диуретик. Сè што е потребно е да измиксате свежи ливчиња магдонос (едно мало снопче) со неколку банани и да додадете малку вода за да добиете течен шејк.
Испијте го шејкот наутро пред појадок. Освен што помага при воспаленија на мочниот меур, ја враќа енергијата во телото и го јакне имунитетот, кој е исто така важен сојузник против воспаленијата.