Како да го препознаете екстра-девственото маслиново масло?
Лажното маслиново масло содржи сомнителни супстанции и хлорофил што му даваат вкус и боја на маслиново масло иако се користат сојно или други ефтини масла.
Авторот на книгата „Extra Virginity: The Sublime and Scandalous World of Olive Oil“, Том Мулер тврди дека 70% од чистото маслиново масло во светот е разредено со други масла што не е добро за здравјето.
Како да го препознаете екстра-девственото маслиново масло?
Тешко дека можете само по вкусот. Дури и експертите знаат да се збунат. Сепак, постојат два начини.
1. Чистото маслиново масло се згуснува кога е ладно. Во фрижидер би требало да стане матно и да се згусне. Кога се грее, повторно се враќа во течна состојба. Маслото што нема да се згусне во фрижидер не е чисто маслиново.
2. Освен тоа оригиналното масло е лесно запаливо.
Каде да купите екстра-девствено маслиново масло?
Најдобро е да го купите кај локален произведувач што го познавате. Следен најдобар начин е да пронајдете фирма чии производи имаат сертификат дека маслото е чисто и органско. Цената не е сигурен показател.
Екстра-девственото маслиново масло содржи најмногу 0,8 грама слободни масни киселини, изразени како олеинска киселина на 100 грама производ. Тоа е најбогато со ароматични и биолошки вредни супстанции.
Чување на маслото
Топлината и светлината предизвикуваат побрзо расипување на маслиново масло. Купувајте го во стаклена амбалажа, а откако ќе го донесете дома, дел префрлете во помало шише и чувајте го во орман, но никако во близина на шпоретот или некој друг извор на топлина. Остатокот чувајте го на температура од 15 степени.
365
za hemoroidi nesto
pozdrav