Home / Болести и лечење / Аспирин го намалува ризикот од рак на дебелото црево – еве колку треба да се пие

Аспирин го намалува ризикот од рак на дебелото црево – еве колку треба да се пие

Редовната употреба на аспиринот го намалува долгорочниот ризик од појава на рак кај луѓето коишто страдаат од прекумерна телесна тежина, сметаат група научници во студијата објавена во списанието Journal of Clinical Oncology.aspirin2-300x186asp

Научниците од универзитетите во Њукасл и во Лидс откриле дека прекумерната тежина, или дебелината, двојно го зголемуваат ризикот од развој на ракот на дебелото црево кај луѓето со Линч синдромот, кој е генетско наследно заболување. Речиси половината од пациентите со споменатиот синдром, заболуваат од рак, главно на дебелото црево и на матката.

Во текот на десетгодишното истражување, во кое учествувале 937 испитаници со прекумерна телесна тежина и коешто се спроведувало во 43 центри во 16 земји, експертите откриле дека ризикот од појава на рак практично се сведува на нула при земање на редовни дози аспирин. Дел од пациентите земале секојдневно 600 мг аспирин во текот на две година, а другите – плацебо.

Авторите на статијата предупредуваат дека нивните податоци се прелиминарни, и потсетуваат дека, сепак, злоупотребата на аспиринот може да предизвика сериозни здравствени проблеми, бидејќи овој лек може да предизвика чиреви и крварење во гастроинтестиналниот тракт..

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top