Состојки:
1 чаша природен восок
1 чаша маслиново масло (или сончогледово)
1 лажица мед
1 парче од прополис
Ставете ги сите состојки во сад и стопете, добро промешајте и на една чинија ставете неколку капки и оставете нека се излади за да ја проверите густината. Ако е премногу густ, во смесата додадете малку повеќе масло, а ако тоа е премногу течен и мек, тоа треба да се додаде восок. Додека е топол мелемот ставете го во тегли или кутивчиња за креми.
Корист :Може да се користи за изгореници, рани, плускавци, красти, или едноставно за помек кожата.
Се нанесува на кожата и нежно се протрива. Кај рани не се трие – се нанесува само тенок слој и се покрива со газа.