Технолошките апарати зрачат штетни зраци кои влијаат на сонот, т.е. чести будења во текот на ноќта, замор при станување, но и во текот на целиот ден, смета член на Управниот одбор на турското Здружение Ујку (UYKUDER), професорката Зерин Пелин.
Здружението се занимава со истражување на квалитетот на сонот и факторите кои влијаат на него. Ненаспиеноста влијае на квалитетот на животот, но и опасност која може да ја предизвика возач кој не спиел доволно. На тој начин, се загрозува и себе и другите учесници во сообраќајот, сметаат од ова здружение.
Таа препорачува што помала употреба на таблети, мобилни, како и телевизори, бидејќи сините зраци кои ги испраќаат тие негативно влијаат на хормонот мелатонин, кој всушност го контролира сонот и крвниот притисок.
Пелин вели дека мелатонинот е хормон кој најмногу се излачува ноќе, т.е. меѓу 21 часот и полноќта.
– Ако поголема количина сини зраци влијаат на лачењето на мелатонинот, кога тој би требало да биде на врвот, лицето ќе има проблем со спиењето – рече Пелин.
При намалена количина на излачениот мелатонин, лицето подоцна често се буди што влијае на квалитетот на сонот.
– Честите будења, недоволна количина на сонот, заморот, поспаноста во текот на денот, можат да влијаат и на општествениот живот – додаде Пелин.
Таа смета дека решение за ненаспиеноста и заморот е помало користење на технологијата, т.е. нејзино користење само во неопходни ситуации.