За чајот против циститис потребна е само свилата или косата од пченката. Чајот од овие влакна е еден од најмоќните диуретици.
Влакната од пченка се сушат на сенка и на умерена температура. Косата треба да се бере додека пченката е млада, млечна. Зрела, сува и темна коса од пченка е сосема безполезна и нема никакви лековити својства.
Чајот помага при болести на бубрезите и мочните патишта, при воспаление на мочниот меур (цистит), ја подобрува циркулацијата и функцијата на црниот дроб. Ја смирува болката, спазмите во бубрезите.
Подготовка на чај од пченична коса:
Една лажица добро исушена пченична коса (ако не е сосема сува се губи ефектот) се полива со чаша топла но не преварена вода, се остава да отстои неколку минути и се процедува.
Се конзумира по една лажица од чајот на секои 2 часа. Ако имате посериозни проблеми чајот може да се пие во поголеми количини. Потребни се 25 гр сува пченична коса и еден литар вода, а чајот пијте го наместо вода во текот на денот.