Повеќе луѓе умираат од сончање отколку во сообраќајни несреќи покажува најновото истражување.
Сончањето е поопасно отколку што мислиме, особено што многумина не ги сфаќаат сериозно препораките на лекарите дека не треба да се излегува на сонце во периодот од 10 до 17 часот, кога УВ зраците се најштетни.
Во обид за бронзен тен, голем број луѓе за жал заради изгореници трпат последици кои со себе носат црвенило и сериозни проблеми со кожата. Дека препораките на лекарите не се почитуваат покажува најновото истражување чии резултати говорат дека ракот на кожата предизивикува поголем број смртни случаи отколку сообраќајните несреќи, а процентот на смртност е поголема кај жените.
Голем број на жени сакајќи да го постигнат совршениот тен за нив, одат на соларуим пред да излезат на плажа, а со тоа не се свесни дека ја потпишуваат својата смртна пресуда.
Резултатите од студијата покажуваат дека на врвот на листата на смртност предизвикани од ракот на кожа се наоѓа Португалија со дури 72 проценти повеќе смртни случаи од УВ зрачењето во однос на сообраќајните несреќи. Следува Австралија со 71%, САД со 62 проценти, Канада 51, Ирска 40, Шпанија 35 и Велика Британија со 25 проценти.