Home / природен лек / Летни маки: Пот меѓу градите, растопена шминка – еве решение

Летни маки: Пот меѓу градите, растопена шминка – еве решение

Иако многу луѓе го сакаат летото, постојат одредени работи кои во текот на овој период посебно ги измачуваат жените. Ова се некои од најчестите проблеми во летните денови, и ви откриваме неколку трикови како успешно да се справите со нив.

oslobodete-se-od-neprijaten-miris-pri-potenje_600x400-600x350Пот меѓу градите
Чувството кога капки пот ви лизгаат помеѓу градите , е непороценливо искуство. Ако сте склони кон потење, нанесете дезодоранс или бебешка пудра помеѓу градите, за го решите овој проблем.

Ве печат бутините при триење

Многу девојки и жени во текот на жешките летни денови додека носат кратки здолништа имаат проблем со триењето на бутините додека одите што по некое време може да биде неподносливо и болно. Се препорачува да избегнувате тесни здолништа и фустани. Повеќе држете се до лелеавите кроеви, во кои имате доволно простор нормално да чекорите, а вашите бутини да не бидат изиритирани. Доколку не можете да ги избегнете тесните здолништа тогаш од внатрешната страна на бутините ставете малку бебешка пудра со која ќе се минимизира триењето.

Лицето ви свети
Во оваа ситуација се мисли на тоа кога лицето ви е лепливо и мрсно поради потта. За да го избегнете тоа, користете  лесна подлога или пудра на која пишува дека е сува и отпорна на пот. Ако не се шминкате, тогаш почесто мијте го лицето со вода или бришете го со хартиени марамчиња за да ја впијат маснотијата. Не користете лосиони за лице  кои содржат масло.

Растопена шминка
Сте потрошиле половина час внимателно да се нашминкате, а веќе кога ќе пристигнете на своето работно место, шминката на лицето ви се истопила. За да го спречите тоа, кога ќе завршите со шминкањето на лицетот нанесете спреј кој ќе ја задржи шминката подолго време.

 Испукани и суви стапала

Летото е период кога нашите пети и нокти на стапалата се изложени на погледите на другите луѓе, затоа редовно негувајте ги. Професионалните педикири се супер ако имаше отповеќе пари, но стапалата можете да си ги средите сами. Потпоете ги во млака вода, додајте малку морска сол  и сода бикарбона и држете ги неколку минути во оваа мешавина. Потоа истружете и на крај намачкајте ги со хидратантна крема која ќе им ја врати влажноста.

Враснати влакна

Во летните денови жените и девојките почесто се депилираат и поради тоа во овој период имаат повеќе враснати влакна од вообичаено. Затоа водете сметка секогаш да се издепилирате по туширањето бидејќи кожата тогаш е помека и ќе чувствувате помалку болка. Освен тоа повремено направете и пилинг на кожата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top