На грбот постојат лојни жлезди, па тука најчесто се појавуваат мозолчиња во текот на летото. Немојте да бидете сами свој лекар, посоветувајте се со стручњак што е најдобро да користите и никако немојте сами да ги третирате акните. Дерматолозите објаснуваат како да се ослободите од нив.
Мозолчињата се појавуваат и на грбот и на градите, кај злоупотребата на консумирањето на протеините на база на кравјо млеко и стероидите кај билдерите, но и кај употребата на масла за сончање кои предизвикуваат запечатување на отворите на лојните жлезди, објаснуваат дерматолозите.
Сепак, овие мозолчиња можат да се појават и поради облеката, па потрудете се во текот на топлите денови да носите памучна облека. Туширајте се редовно за потта да не се задржува на телото, и користете благи гелови за туширање.
Храната исто така може да доведе до појава на мозолчиња, па трудете се да ја избегнувате нездравата исхрана. Доколку здодевните мозолчиња станат болни, загрижете се, бидејќи станува збор за воспаление.
Кога од фазата на комедон ќе преминат во фаза на воспалени акни, цисти и јазли тогаш се појавува и болката како последица на воспалението.
Мозолчињата на грбот се лекуваат на ист начин како и акните на лицето. Се користат препарати за чистење, пилинг, и препарати кои го смируваат воспалението на лојните жлезди. Понекогаш мора да се земаат и препарати за системска употреба на антибиотици или ретиноиди. Се применува, покрај домашната, и професионална нега на кожата со акни во вид на пилинг, ласер, сина светлина, микродермоабразија, истакнуваат дерматолозите.