Home / алтернативна медицина / За срцебиење, тахикардија, брадикардија – сами применете го ова

За срцебиење, тахикардија, брадикардија – сами применете го ова

Ако чувствувате забрзано биење на срцето, тахикардија или нерамномерно и забавено, брадикардија, тогаш можете сами да си помогнете со помош на корејски алтернативен начин, познат како су џок-масажа.

Оваа лековита опција има два начина на спроведување:

Прв начин:

– Соберете ја дланката во форма на бокс. Местото што го допирате во средниот прст содржи нервни завршетоци, кои се директно поврзани со вашето срце. Тоа уште се нарекува и точка на срцето. Како на фотографиите

PESNICA-168x300SRCE-Sudzok-168x300

Потоа, со показалецот од другата рака нежно притискајте на тоа место, во времетраење од пет до десет минути или онолку колку што е потребно додека не почувствувате дека отчукувањето на срцето ви се вратило во нормален и правилен ритам. Значи, ако срцето ви отчукува пребрзо или пребавно, наметнете му ред од 60 отчукувања во минута. Со оваа масажа испраќате механички импулси во своето срце низ нервните завршетоци на дланката.

Втор начин: Су Џок масажа

– Земете во десната рака пенкало што има тап врв и внимателно, со средна јачина, ставете го пенкалото на точката на срцето.

SRCE-masazaДоколку пулсот ви е забрзан, односно имате тахикардија, додека ја притискате точката на срцето, вртете го пенкалото во спротивна насока од движењето на стрелките на часовникот. На тој начин го забавувате пулсот.

Доколку, пак, пулсот ви е забавен, односно ако имате брадикардија, додека ја притискате точката на срцето, пенкалото вртете го во правец на стрелките на часовникот. На тој начин го забрзувате пулсот.

Оваа масажа уште од дамнина се смета за прва помош при неправилна работа на срцето кај Корејците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top