Home / нови лекови / Откриен вирус кој го убива ракот

Откриен вирус кој го убива ракот

Британските научници првпат успешно употребиле за борба против ракот генетски модифицирани вируси кои ги напаѓаат клетките на ракот, се вели во студијата објавена во списанието Journal of Clinical Oncology.

Експериментите биле спроведени со учество на 436 пациенти, од страна на истражувачите кои работата во лондонската болница „Ројал Марсден“ и тамошниот Институт за истражување на ракот.

hemoterapija1-630x378„Вообичаено ги сметаме вирусите како непријател на човештвото, но нивната способност да инфицираат клетки на организмот може да ги направи ветувачко оружје во борбата со малигните тумори“, смета генералниот директор на Институтот, професорот Пол Воркмен.

Како резултат на третманот со користење на генетски модифицирани вируси бил продолжен животот на пациентите со меланом, рак на кожата. Новиот метод дејствувал врз пациентите со агресивен иноперабилен рак. Кај оние пациенти кај коишто експерименталниот третман започнал во релативно раната фаза од болеста, животниот век бил зголемен за 20 месеци во споредба со пациентите кои биле третирани со традиционалните методи на лекување. Во другите случаи, резултатите биле поскромни. И покрај тоа, првпат во текот на истражувањето била докажана дејственоста на терапијата со ткн онколитички вируси.

Перспективниот метод е наречен имунотерапија. Генот на вирусот на херпесот бил модифициран така што дејствувал само врз канцерогените клетки и не влијаел врз остатокот од организмот. Размножувајќи се во канцерогените клетки, тој „експлодирал“ однатре. Друга генетска модификација на вирусот, пак, стимулирала имунолошки одговор на организмот, помагајќи му да го уништува туморот. Според научниците, успешното искуство од примената на околитичките вируси за лекување на меланомот го отвораат патот за развој на нови методи и терапии за лекување на ракот.

Досега беа познати и други вирови имунотерапија за ракот, при коишто за справување со болеста сопствените имунолошки можности на организмот се поттикнуваат со помош на антитела, а не вируси. Научниците сметаат дека со текот на времето ќе биде можно да се комбинираат двата типа терапии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top