Маслиновото масло се препорачува и за болните од остеопороза, бидејќи растителната маст помага при апсорпцијата на калциум од организмот и на тој начин ја подобрува минерализацијата на коските. Користете го маслиновото масло и за подобрување на мозочната активност, да го забрзате метаболизмот , но и да го заштитите вашиот стомак од чир и гастритис.
Користете маслиново масло и при хемороиди, за надворешна заштита при кожни иритации, болки во увото и проширени вени.
Рецепти за лекување со маслиново масло
При гастритис: наутро на гладно се зема по 1 супена лажица маслиново масло, по што се јаде една кришка леб. Постапката се повторува 14 дена, се прават 3 недели одмор и се почнува одново.
При проблеми со жолчката: наутро на гладно се пие лековит “коктел” од половина чаша топло млеко и 1с.л. маслиново масло, а потоа една чаша свеж лимон.
При болки во увото: 1/2 кафена лажичка маслиново масло се загрева и се капнува во ушниот канал. Потоа во увото ставете памук и обвиткајте ја главата со шамија.
Користете чисто маслиново масло за надворешна употреба кај модринки на кожата, испукани усни, убод од пчела.