Кога ќе ве обземат црните мисли, негативноста, малодушност и тешкотиите, отфрлете ги барем за неколку секунди – користејќи ја оваа едноставна и ефикасна техника на руски психолог В. Љермонтов. Секако, чувствата (посебно негативните), укажуваат на некој проблем кој треба да го разрешиме, а не потиснуваме.
Имате 2 избори: да се фатите за работа и да го решите проблемот или само да очајувате. Но, кога ни е тешко и не гледаме брз излез, треба нешто да не крене над тие мисли.
Ова е руската техника со која лесно ќе ги надминете црните мисли.
Техниката е толку едноставна, а ќе ве изненади колку е ефикасна!
Во тмурните денови и моменти доволно е само да си ги поставите овие 3 прашања:
1. Кој си ти?
2. Што сакаш од мене?
3. Кој те прати?
На овој начин лошите мисли ги третирате како негативна енергија која ви е наметната однадвор, не поистоветувајте се со нив, не им дозволувајте да преминат во фаза на чувства или генерално расположение – така тие веднаш губат на сила, слабеат и исчезнуваат!
Авторот на техниката советува дека овие прашања треба постојано да ги имаме на ум и со нив да ја неутрализираме секоја црна мисла, штом се појави.
Покрај основните 3, овие исто така може да ви помогнат:
1. Кому му е потребна мојата болка?
2. Кому му е потребен мојот страв?
3. Кој се храни со моето страдање?
Овој третман на црните мисли ќе ви донесе олеснување, советуваат оние кои до сега го испробале.