Јапонките секогаш ни изгледале младолики, еве ја нивната тајна.
– користат ориз за нега на лицето, што се смета за тајно оружје на нивната убавина. Оризот е богат со витамин B, кој го стимулира развојот и регенерацијата на ќелиите, го успорува стареењето и ја подобрува циркулацијата.
Оваа чудотворна јапонска маска се состои од ориз, мед и млеко и брзо ќе стане вашето омилено средство за нега на кожата.
Сварете 2 – 3 лажици ориз во малку вода, додека не омекнат. Задолжително зачувајте ја водата во која се варел оризот.
Сварените зрна потоа измијте ги и додадете им лажичка млеко и лажичка мед. Сите состојки измешајте ги добро и вашата маска е подготвена.
Нанесете на лицето тенок слој од смесата и држете околу половина час. Измијте ја маската од лицето со водата во која што се варел оризот. Вашата кожа ќе биде блескава и нежна.
Оваа мешавина можете да ја чувате во ладилник до четири дена.