Home / бабини рецепти / Научниците во шок: Лек од 9 век елиминирал неуништива бактерија отпорна на најсилни антибиотици!

Научниците во шок: Лек од 9 век елиминирал неуништива бактерија отпорна на најсилни антибиотици!

Рецептот за лекување на инфекции на око, кој е пронајден во аглосаксонскиот ракопис „Болдс личбук“ од 9-тиот век, се покажал одличен во елиминарањето на супербактериите отпорни на антибиотици, истакнуваат британските научници.

rak 33Научниците проучувале лек од стариот ракопис, чии состојки се кромид или праз и говедска жолчка, и останале вчудоневидени кога увиделе дека оваа мешавина речиси потполно ја елиминирала т. н. златна стафилокока, грам-позитивна округла бактерија, попозната како МРСА.

Рецептот за лек е пронајден во староанглиски медицински ракопис „Болдс личбук“, во кој се наоѓаат инструкции за различни болести. Ракописот се чува во Британската библиотека.

Експертот за стариот англоскасонски јазик, доктор Кристина Ли од Универзитетот Нотингам, го превела рецептот за „очен мелем“ и според нејзините зборови, тоа покажува дека тогаш луѓето спроведувале детални научни истражувања неколку векови пред откривањето на бактериите.

Научниците ги анализирале поединачно состојките на лекот и смесата во целина и утврдиле дека овој лек убива 90 отсто од МРСА бактеријата. Се верува дека „Болдс личбук“ содржи некои важни лекции за модерната борба со отпорните микроби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top