Home / аларм / (Видео) Внимателно: Неправилното седење на ВЦ школка може да предизвика рак на дебелото црево

(Видео) Внимателно: Неправилното седење на ВЦ школка може да предизвика рак на дебелото црево

Во израелското списание “Journal of Medical Sciences” објавена е студија за тоа дека седечката положба во приликата на празнење на цревата е виновна за високата стапка на заболување од хемероиди, воспаленија на црева, рак на дебелото црево и Кроновата болест.

wcИзраелскиот доктор, Дов Сикиров, го објави истражувањето за болестите на органите за варење и предностите на клекнувањето, кое било спроведено на 28 здрави доброволци распоредени во три одвоени тоалети. Во првиот тоалет, доброволците користеле ВЦ школка висока 41 сантиметар, во второто 31, а во третиот немало ВЦ школка со што лицето требало да клекне. Со помош на дигитален тајмер се снимало времето кое е потребно за целосно празнење на цревата.

Сикиров открил дека на оние во третиот тоалет им биле потребни само 51 секунда, за разлика од останатите кои нуждата ја обавиле по 130 секунди.

Се утврдило дека седењето предизвикува појава на хемороиди, кои настануваат поради воспаление на вените на долниот дел на дебелото црево и анусот. Тие се појавуваат, меѓу останатото, како последица на непразнењето во текот на празнењето.

Исто така, преостанатата содржина во цревата поттикнува развој на инфекции што може да доведе до воспаление и карцином на цревата. Кроновиот синдром е хронично воспаление на автоимуна болест на цревата при која имунолошкиот состав на организми го напаѓа системот на варење.

На следново видео ќе ги видите предностите и негативните страни во празнаењето на цревата:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top