Home / нови лекови / Ова може да ви спаси живот – апликација открива меланом, само праќаш фотка од бенка –

Ова може да ви спаси живот – апликација открива меланом, само праќаш фотка од бенка –

Секој може сам да ја слика бемката и низ Телескин дигитална платформа, снимката да ја испрати на лекар специјалист, вели доктор Јадран Бандиќ.

За една од водечките иновации во областа на раното откривање на ракот на кожата, заслужна е белградската компанија Телескин, чиј тим, по големите напори ги собра светските експерти и меѓународните награди, и во Данска почна да развива апликација која овозможува на субјектот да ја препознае бемката во фаза во која целосно може да се излечи.

aplikacija-za-testiranje-mladeza-foto-youtube-1399798378-494467По повод Европскиот ден на бемката, 12 мај, во Телескин потсетуваат дека нивната мобилна апликација „SkinSkan“ на корисниците им нуди брз и едноставен начин да добијат мислење од лекар за сомнитлната бемка, или некој друг вид на промена на кожата, пред истата да стане проблем.

Бандиќ потсетува дека бемката, во однос на останатите видови на карцином, може многу полесно да се воочи, и додаде дека здравството нема капацитет да одговори на потребите на сите заитересирани кои сакаат лекарски преглед, поради промена на бемките. Најновите светски статистики покажале дека кај жената во животната доба од 25 до 29 години бемката е болест со најголема смртност од сите карциноми, а во периодот од 30 до 34 години е на второто место, иако истата поради тоа што рано може да биде отриена, во поголемиот број на случаи е и излечива.

Доктор Бандиќ предупреди дека ракот на кожата има еден од најбрзите порасти на инциденци во светот. Според бројот на новооткриените случаи, предничат Австралија и Нов Зеланд, а следни се европските земји Швајцарија и Данска. Телескин во Данска минатиот месец ја освои најголемата награда на претприемништво во Европа од 250.000 евра на натпреварот „Next Step Challange“, за апликација која е оценета како единствена бизнис идеја која го комбинира медицинското знаење и дигиталната технологија.

bemka1-300x171„Домаќините во Данска покажаа големо интересирање за нашата работа, а една од причините е и тоа што тие се соочуваат со поголем број на случаи на рак на кожата, објаснува техничкиот директор Жељко Раткау, додавајќи дека земјата е идеална за примена на нивните идеи и поради тоа што, е прва во Европа која има воведено информатика во здравствениот систем.

„Во наредните шест месеци не чека организирање на клиничка студија со која независно би ги проверувале нашите концепти, како и добивањето на CE ознаките за пристап на пазарот на Европската Унија“, изјавил за Танјуг медицинскиот директор во Телескин, Александар Лазаров. Телескин за Vindouz Foun апликацијата SkinScan минатата година ја освоија првата главна награда на светското натпреварување на Мајкрсофт, во категоријата најголема иновација во здравството.

Компанијата беше лансирана во рамките на Бизнис технолошкиот инкубатор на техничкиот факултет во Белград, кој влезе во проектот Темпус во областа на биомедицинското инжинерство и така воспостави соработка со неколку европски универзитети. Шефот на меѓународната научна соработка на Телексин, Александар Драгичевиќ, изјави дека благодарение на овој проект, неговите колеги од Универзитетот во Бирмингем и Сорбона, го покажаа својот интерес во пристапот до рана-дијагноза на бемката и понуди соработка на заеднички развој на проектот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top