Home / Болести и лечење / Едноминутен тест за остеопороза

Едноминутен тест за остеопороза

Остеопорозата е болест на коските која го зголемува ризикот од фрактури. Таа се карактеризира со намалување на коскената маса кое води до намалување на цврстината на коските и појава на скршеници, најчесто во областа на колковите и зглобовите.

Жените многу почесто страдаат од остеопороза отколку мажите. Фрактурите од остеопороза се скоро двапати почести кај жените. Најзасегнати се жените кои се во менопауза или кои ја поминале оваа фаза од животот.

osteoporozaОстеопорозата не покажува видливи симптоми. Најчесто луѓето ја откриваат дури откако ќе настрадаат од скршеница. Поради тоа, таа се нарекува уште и „тивка епидемија“

Постојат три фактори кои се најважни за зачувување на здравјето на коските во текот на целиот живот:

– внесување на калциум;
– внесување на витамин Д;
– редовна физичка активност.

Меѓународната фондација за остеопороза вовела нов, едноминутен тест на проценки на ризикот за остеопороза, кој не дава дијагноза, туку  – поголем број позитивни одговори укажуваат на поголем ризик остеопороза.

1. Дали некој од родителите имал остеопороза?
2. Дали некој од родителите имал „грпка“?
3. Дали имате повеќе од 40 години?
4. Дали во возрасната доба сте кршеле коска при помал пад?
5. Дали често паѓате?
6. Дали ви се намалила висината за повеќе од три см после 40-тата?
7. Дали сте слаби (боди мас индекс под 19)?
8. Дали некогаш три месеци или повеќе сте земале кортикостероиди?
9. Дали имате ревматоиден артритис?
10. Дали сте имале засилено работење на тироидната или паратироидната жлезда?
11. Дали пиете повеќе од два алкохолни пијалаци дневно?
12. Дали сте пушеле?
13. Дали сте физички активни помалку од половина час дневно (прошетки, работење во бавча, лесни вежби)
14. Дали избегнувате млечни производи и не земате надомест на калциум?
15. Дали поминувате помалку од 10 минути дневно изложени на сонце?

За жени

16. Дали сте во менопауза од пред наполнетите 45 години?
17. Дали вашите менструални циклуси некогаш изостанувале подолго од една година? (освен во бременоста и менопаузата)
18. Дали јајчниците ви се отстранети пред 50-тата година?

За мажи

19. Дали сте страдале од импотенција или од други проблеми поврзани со нивото на тестостеронот?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top