Кефирот е вкусен освежувачки киселкас пијалок кој се подготвува од таканаречени кефирни габи, иако всушност се работи за симбиоза на корисни бактерии и габи. Искуството покажува дека кефирот позитивно влијае врз здравјето, тој лечи и помага при лечење на многу болести и тешкотии.
Редовната конзумација на кефир го зајакнува имунитетот, го чисти организмот од токсини, помага да се воспостави нормален крвен притисок, ниво на холестерол, помага кај болести на желудникот, ја обновува флората и ублашува болеста на цревата.
Кефирот е добар и во спречување на болести на јетрата, бубрегот и жолчката, лечи воспалени процеси (тој е природен антибиотик) помага кај слабокрвноста и славата циркулација, лечи респираторни болести, помага кај стресот, несоница и болести со нервниот систем.
Подготовка на кефир
Важно е да се напомене дека индустриски произведениот кефир не е создаден со помош на кефирните габи, него со хмељ и корисни бактерии кој на напитокот му го даваат истиот вкус, но не и квалитет.
Од таа причина, најдобро е кефирот да го подготвите дома. Многу е едноставен. Потребни ви се само млеко и габи,односно зрна од кефир.
Традиционално, за подготвување на кефирот не се користи метален прибор, затоа што можат да го уништат лековитото дејство на пијалокот.
За пола литар кефир потребни се две лажички зрнца и било какво млеко (кравјо, овчо, козјо).
Млекото може да биде сварено или не, но не смее да биде топло. Се препорачува млекото да содржи помалку од 2,8% масленост – што помала е масленоста во млекото, толку подобар ќе биде кефирот.
Подготвување
Млекото ставете го во стаклен или пластичен сад. Додајте ги зрната. Поклопете (може со чинија), и оставете го на собна температура 24 саатии. Температурата во просторијата не смее да биде повисока од 30 степени.
Во рок од 24 саати млекото ќе се згусне. Можете повремено да промешате како би ја провериле густината.
Потоа, потребно е да го процедите, (се препорачува да се користи пластична цедилка), преточете го во шише и чувајте го во фрижидер.
Габата од кефирот потревно е да ја измиете со ладна или млака вода и ден или два да ја оставите во фрижидер, во ладна вода или млеко.
Каде да најдете кефирна габа?
За жал кефирна габа не можете да набавите во маркетите. Можете да ја земете од некој кој веќе ја има. Кефирната габа брзо се размножува, па не е проблем да ја споделите со другите.