Home / аларм / Флуоридот во водата за пиење ја оштетува тироидата и предизвикува депресија и гојазност

Флуоридот во водата за пиење ја оштетува тироидата и предизвикува депресија и гојазност

Флуоридот не е добар за нас и не би требало да се додава во водата за пиење.

cesma voda1Флуоридот може неповолно да влијае на тироидата и да доведе до депресија и прекумерна тежина. Студијата направена во Англија покажува дека во деловите од земјата каде што се користи флуоридот, има повисок степен на хипотиреоза (намалено лачење на тироидната жлезда), во споредба со областите каде што не се користи флуоридот. Тоа може да значи, како што велат истражувачите, дека флуоридот предизвикува депресија, замор, болка во мускулите и гојазност.

Минатата година, Public Health England објави извештај во кој се вели дека флуоридот е „безбеден и ефективен“ метод на подобрување на денталното здравје. Сепак, оваа ново истражување, спроведено на Универзитетот во Кент, покажува дека постои нагло зголемување на бројот на случаи со хипоактивна тироида во областите со високо ниво на флуорид.

Флуоридот го подобрува денталното здравје спречувајќи го распаѓањето на забите, така што го прави енамелот поотпорен на бактерии, но според новите резултати, исто така влијае и на продукцијата на јод, што за возврат негативно влијае на тироидната жлезда.

„Да имате тироидна жлезда со намалена активност особено незгоден проблем и може да доведе до долгорочни здравствени проблеми“, вели водечкиот научник на проектот – Стефен Пекам. „Мислам дека советите треба одново да размислат за додавањето на флуорид во водата. Постојат далеку побезбедни начини да се подобри здравјето на забите“, изјави тој за British daily The Telegraph.

Oд 2004 година, околу 400 милиони луѓе низ светот пијат флуоридизирана вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top