Home / бабини рецепти / Бабини лекови – џабе се, а ниту една медицина не ги побила досега

Бабини лекови – џабе се, а ниту една медицина не ги побила досега

Оние повозрасните ќе се сетат на некои ,, бабини лекови,, кои ги користеле постарите, а за кои до ден денес медицината не нашла соодветно ефикасна замена.

Старите не биле ,,заостанати,, или недоволно медицински учени – туку луѓето од колено на колено пренесувале што знаат. Имало посебни луѓе во селото кои лечеле крајници, други неплодност, трети чиреви и така натака.

Еве неколку на кои ние се сетивме – пишете ни ако се сетите на други.

КРАЈНИЦИ – децата родени во 60 и 70 години ретко и да примале инекции поради воспалени крајници – бабините методи биле едноставни. Се дезинфицира кажипрстот, се става малку алкохол и шеќер – се става во устата на детето и буквално се притискаат двата крајника – на тој начин се истиснува гнојот од крајниците и воспалението веднаш завршува. – единствен ризик е детето да ве гризне малку.

сепак за ова најдете некоја баба која има искуство и која знае да го прави ова.

БОЛКИ ВО ГРБОТ

Во гевгелиско ги викале ,,вандузи,, во други места низ Македонија ,,чашки,, но принципот е ист. Се легнува на стомак се земаат мали стаклени чаши, се пали мал памук се става во чашата и на грбот – чудо не ја гори кожата, а ја вовлекува како вакум – велат по само еден третман болките исчезнувале. Овој метод го користеле и при настинка.

[divider_flat]

АКО ВЕ КАСНЕ ИНСЕКТ

Бабите местото го премачувале со пепел или со земја – се употребува и босилек.

Се трие местото за да го извлече осилото или другиот бодеж од инсектот.

[divider_flat]

 

АКО ВЕ БОЛАТ КРАЈНИЦИ

Се масира раката на местото меѓу палецот и кажипрстот. Ако се воспалени крајниците има топчест дел – тој треба да го притискате – доколку имате инфекција тоа многу боли и речиси е неиздржливо доколку не ве боли и нема топчест дел тогаш не ви се инфицирани крајниците.

[divider_flat]

ТЕМПЕРАТУРА – чорапи натопени со оцет – облечете ги – ја влече темературата.

ЗА БОЛКИ ВО ГРЛОТО неколку рецепти – праз и маст завиткан околу грло, греана маст и бибер, или пак лук и ракија греана.

ЗА ЗАТНАТ НОС – исецкан лук и кромид ставете во близина на местото каде спиете ако сакате во текот на ноќта да не ве буди затнатиот нос.

ЗА ОТОК – лист од зелка веднаш го смирува отокот – за џумка – изџвакан леб се става на џумката дирекно и се притиска или се притиска со нож – металниот дел од ножот.

 

ЗА БРАДАВИЦИ – старите мачкале на местото лист од смоква – односно кога ќе се скине листот од смоква испушта белузлава течност – се мачка со таа течност. Оваа течност се користи и при болки во ушите. Се капнува една до две капки.

ЗА КОСОПАСТ – Бел лук. Се трие местото каде што е појавен косопасецот. За недела дена почнува да расте косата.

ЗА КАШЛИЦА – чај од босилек

АКО ВЕ БОЛИ ГЛАВА – жив компир врзан на главата

ЗА ЗАБОБОЛКА – истолчен лук и сол на забот.

ПРОЛИВ Излупете едно јаболко, исечкајте го на парчиња и варете го на пареа додека не омекне. Јадете едно јаболко дневно.

ВРТОГЛАВИЦА – изедете порција ориз.

ЗАСИПНАТ ГЛАС – Направете гаргара со солена вода или со чај од камилица или магдонос. Живо јајце исто е рецепт на баба.

НЕПРИЈАТЕН ЗДИВ – џвакајте свеж лист од магдонос.

КИСЕЛИНА ВО ЖЕЛУДНИК – неколку зрна ориз, или голтнете семка од маслинка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top