Home / Болести и лечење / Влијанието на тироидата врз плодноста кај жените

Влијанието на тироидата врз плодноста кај жените

Нарушувањето на работата на штитната жлезда може да доведе до намалуање на шансите за зачнување и здрава бременост, објавија британски истражувачи.

stitna zlezdaПодатоците собрани во Саутмед болницата во Бристол, укажуваат на потребата од тестирање на тироидата кај жените кои имаат потешкотии со зачнување, и кај жени кои доживеале повеќе спонтани абортуси, пишува стричното списание „The Obstetrician & Gynaecologist“.

Според новите наоди, претерана активност на штитната жлезда (хипертироидизам) е забележана кај 2,3 отсто жени кои имале потешкотии со плодноста, во однос на 1,5 процент жени во општата популација.

Штитната жлезда произведува хормони кои имаат клучна улога во растот и развојот на и можат да влијаат на функцијата на репродуктивниот систем, пред, за време и по зачнувањето, појаснуваат истражувачите.

Хипертироидизмот е поврзан и со поголем ризик за прееклампсија, потешкотии со развојот на фетусот и предвремено породување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top