Home / нови лекови / Нов закон за алтернативна медицина

Нов закон за алтернативна медицина

Традиционална кинеска медицина ќе може да практикуваат и лица кои завршиле три години медицински  факултет. Ова стои во предлог Законот за комплементарна и алтернативна медицина за кој денеска расправаше собраниската комисија за здравство. Предлогот традиционална кинеска медицина да практикуваат само лица со комлетно завршени медицински студии беше одбиен.

akupunktura04„Дополнително потребно е знаење на лекар со целосно образование со повеќе од 180 кредити по ЕКТС поради тоа што има состојби здравствени кои не дозволуваат акупунктура, а тие состојби лица со 180 ектс нема да ги препознаат“, смета Лилјана Поповска- ДОМ.

„Соодветното образование го имаат сите и докторот и фармацевтот и стоматологот, сите ќе имаат образование за традиционална кинеска медицина. За бројот на часови за анатомија 64 часа има сестрата, а фармацевтот 24. Амандманот не се прифаќа“, изјави Јовица Андовски-заменик министер за здравство.

Според медицинските лица членови на комисијата за здравство 180 кредити односно три годишни студии и завршена обука за традиционална медицина се доволни за практикување на оваа дејност.

„180 кредити на ектс е многу висок степен на образование во медицината. Ние знаеме што сестра со средно медицинско образование изведува, а не да зборуваме за што се обучени медицински работнци со 180 ектс.“, истакна Андон Чибишев-пратеник.

Предлог-законот за комплементарна и алтернативна медицина опфаќа методи за дијагностика и лекување кои благотворно делуваат на човековото здравје, а кои согласно медицинската доктрина, не се опфатени со медицината заснована на докази. Меѓу другите, тука влегуваат традиционалната кинеска медицина, акупунктурата, хомеопатијата, киропрактиката и ајурведата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top