Home / алтернативна медицина / Тестирајте го здравјето на вашиот мозок за само 20 секунди

Тестирајте го здравјето на вашиот мозок за само 20 секунди

Ново истражување во Јапонија откри дека луѓето кои не можат да стојат на една нога 20 секунди или подолго, имаат повеќе промени во мозокот, кои често се поврзани со мозочни удари и деменција, за разлика од луѓето со добар баланс. Исто така, кај луѓето со лоши резултати на тестот со рамнотежа може е забележано и пониско ниво на когнитивни функции на мозокот.

one-leg-ball-throw1Очекувано, востановено е дека старите луѓе и оние со вишок телесна тежина се покажале полошо на тестот по рамнотежа, како и дека овие категории на луѓе имаат поголем ризик од мозочен удар и деменција. Тоа значи дека тестов нема 100%-тно да ви ги реши дилемите.

Од порано е утврдено дека болестите во малите крвни садови во мозокот, како и високиот крвен притисок можат да влијаат на рамнотежата и воспоставувањето на баланс. Па така, барем два пати годишно треба да го проверите крвниот притисок, бидејќи многу почесто укажува на здравјето на вашиот мозок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top