Home / Болести и лечење / Овие симптоми наговестуваат нешто лошо!

Овие симптоми наговестуваат нешто лошо!

Недостатокот на витамини во телото најчесто се одразува во неколку симптоми кои е лесно да се препознаат ако обратиме доволно внимание. Со најчестите симптоми донесуваме и начини како да ги надминеме.

zagrizena-cudno-cuvstvo-300x200

1. Напукани рабови на усните

Ви недостасува: железо, цинк и витамини Б како ниацин (Б3), рибофлавин (Б2) и Б12.

Решение: Јадете повеќе пилешко и  и мисирка, туна, јајца, блитва, кикирики и мешунки. Комбинирајте ги овие состојки со брокула и кељ.

2. Црвен осип на лицето како првут или опаѓање на коса

Ви недостасува: Биотин

Решение: Јадете тврдо готвени или печени јајца, лосос, авокадо, сливи, соја, орасти плодови, банани.

3. Црвени или бели израстоци кои личат на акни (на образите, рацете, колковите)

Ви недостасува: есенцијална масна киселина и витамини А и Д.

Решение: Зголемете го внесувањето на здрави масти, јадете повеќе јаткасти плодови и семки како лен. Важно е внесувањето на лиснат зеленчук но и морков и пиперки за витамин А. Зголемето го внесувањето на млечни производи.

4.Вкочанетост на раце, нозе и други делови од телото или трпнење

Ви недостасува: витамини Б, фолна киселина (Б9), Б6 И Б12.

Решение: Јадете спанаќ, аспарагус, цвекло, сите видови на грав, јајца.

5.Мускулни грчеви, болки (во нозете)

Ви недостига: магнезиум, калциум и калиум.

Решение: Јадете банани, бадеми, лешници, цреши, јаболка, грејпфрут.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top