Акупресурата е древен кинески метод на лечење за кој не се потребни лекови, туку техника, знаење и вашите прсти и хоку точката.
Хоку точката е место на раката меѓу палецот и показалецот. Станува збор за акупресурното место поврзано со релаксација на горниот дел од телото, а притисокот на споменатото место ги стимулира живците.
Постапка за акупресура:
– Со показалецот и палецот на другата рака, притиснете ја хоку точката.
– Задржете го притисокот околу 30 секунди или додека на почувствувате опуштање на мускулите на прстите.
– Постапката повторете ја кога ќе почувствувате напнатост или главоболка предизвикана од стрес и замор.