Home / сведоштва / Како да се заштитите од рак на кожата

Како да се заштитите од рак на кожата

На 24 годишниот Енди Праутинг за време на летниот одмор во Турција му се појавила бенка која ја сменила бојата и составот кога се вратил од одморот.

Во август бенката му била хируршки отстранета, но наскоро дознал дека ракот се проширил на коските и црниот дроб.

Не постоела ниту една британска клиника која лечи ваква форма на рак.

endiНеговите блиски дознале за клиника во Тексас каде имало надеж да се спречи ширењето на ракот и почнале акција за собирање на пари.

За третманот на клиниката требало да соберат 60.000 фунти, но кога собрале 23.000, Енди починал!

Меланомата е сериозна форма на болест која бргу се шири. Почнува на кожата, но потоа погодува и други органи.

Првиот симптом на овој вид на канцер е бенка која се појавува на грбот, рацете или нозете. Бенката чеша, може да крвави и е поголема од вообичаените.

Одредени форми на рак на кожата не можат да бидат превенирани, но можно е да се намалат шансите за појава на некои од нив.

Заштитна крема за сончање е препорачлива, како и покривање на кожата со лесна ткаенина за време на жешките појаси во денот.

Треба да се избегнува сонцето кога зрачи штетни УВ зраци и сигурно треба да се избегнуваат солариумите.

Штетните УВ зраци се најчестата причина за активирање на ракот на кожата, на кој се поподложни оние со многу светла кожа, со голем број ситни бенки.

Тие особено треба да се заштитуваат од сонцето во поголемиот дел од денот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top