Home / природен лек / Тајниот лек на кралевите – Реиши печурки

Тајниот лек на кралевите – Реиши печурки

Реиши печурките и се познати на медицината повеќе од 4000 години. Со право го добиле називот „Лек на Кралевите“.

health-benefits-of-reishi-mushrooms-934934Поради тоа што тешко се наоѓа во природата, била резервирана за азиските кралски семејства и богатите луѓе. Во природата успеваат во дождовните шуми и само на одредени стебла кои се во фаза на распаѓање. Од 10.000 стебла, само на 1-2 може да се најде Реиши. Славниот доктор Shi – Jean Lee, од династијата Mинг, во својата книга „Голема Енциклопедија на лековити билки“ (Bfan Chao Gang Moo) ја препорачал употребата на Реиши печурката како ефикасен лек во борба против многу болести и напишал дека долгорочното земање на Реиши овозможува создавање на имунолошки здрав организам и здраво тело.

Д-р. Shi – Jean Lee ја сметал Реиши печурката за најлековита од сите медицински билки, и ја рангирал пред Ginseng (Жен-Шен) (кojа дотогаш важела за билка на долговечноста) Работите се промениле во втората половина од 20 век, кога почнало организирано одгледување на црвената Реиши печуркa во Jапонија. Во 1970 год. на Kyoto University Food Stuff Scientific Research Institute, Mr. Yukio Naоi почнал да го користи методот, „spore separation Ganoderma lucidum cultivation metod“ и успеал да одгледа Реиши печурки на органски приспособени и третирани површини.

reisi pecurkaСо ова практично се гарантирало дека секоја печурка ќе има максимум лековити состојки и се исклучува можноста за било каква контаминација со бактерии или токсини. Додека расте, секоја печурка се чува и одгледува како суво злато. Овој метод во Kина почнал да се применува малку подоцна – во 1975 година, и оттогаш оваа чудотворна печурка станува достапна на целиот свет.

Современите студии понатаму ги докажаа неговите лековити ефекти и потврдија дека полисахаридите што ги содржи Реиши се клучна состојка за одржување на физиолошка рамнотежа и продолжување на животот.

Денес, Реиши е формално признен како лек наведен во државната Кинеска фармакопеја, и во повеќе светски енциклопедии. Во исто време, Реиши во Кина беше вклучен како нов прехрамбен ресурс, и е докажано дека е безбеден за употреба и сосема нетоксичен. Реиши може да служи како храна и лек.

Поради својот неповторлив состав, Реиши може да помогне во одржување на целокупната рамнотежа во телото. Лечи болести поврзани со срцевите и мозочните крвни садови, дигестивниот систем, невронскиот систем, ендокриниот систем, респираторниот систем, и моторниот систем. Има силно влијание врз тумори и болести на црниот дроб. Го спречува

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top