Мандарината по својот состав многу е слична на портокалот. Во 100 грама има 30 милиграми витамин Ц (портокалот во истото количество има 50 милиграми Ц-витамин), а тука се и витамините од Б-групата, минералите, калциумот, магнезиумот, цинкот, па дури и 160 милиграми калиум, кој меѓу другото, заслужен е и за добрата работа на срцето.
Всушност, продуктите кои придонесуваат кон подобро здравје и убавина во полн сјај, се и цитрусите. Токму лимоните, портокалите, мандарините и сличните плодови, се витални производи со кои се постигнува минерално-витамински оптимум.
ИДЕАЛНА Е ЗА ПОТТИК НА ВАРЕЊЕТО
Општо, во 100 грама мандарини имаме само 34 kcal. Треба да се нагласи и изобилството од влакна кои мандарината ја ставаат во производ поволен за поттикнување на варењето.
Најважни фитохемикалии во мандарините се флавоноидите и терпените, а жолтата боја потекнува од ксантофилот. Значи, мандарината во својот состав има бета-каротини, а со разградување на бета-каротинот, цицачите го синтетизираат витаминот А, кој е заслужен за добар вид. Сокот од мандарини содржи доста калиум, калциум, магнезиум, фосфор, железо, цинк и бакар, со изобилство на антиоксидативни фитохемикалии.
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КОРАТА
Важно е кората од мандарината да не ја фрлате. Ако станува збор за непрскан плод, излупената кора исечкајте ја на парчиња и исушете ја во заштитен простор. Исушената кора на мандарината може во текот на долгите зимски денови да се додава во колачиња, компоти, чаеви или во купки за закрепнување.
Токму етеричните масла добиени од кората на мандарината се применуваат во купките за опуштање, за отстранување на несоница и за оштетена кожа. Етеричното масло од мандарината, меѓу другото, има антисептично и тонизирачко својство. Кората ја чува мандарината од скапување така што со месеци можеме да ги консумираме за здравје и за убавина. Ако мандарините соодветно се складирани, може да ги зачуваат својата арома и нутритивните работи кои се совршени за зачувување на здравјето, но и за успешно и брзо закрепнување ако не не заобиколат зимските вирози и грипот.
ЗЕМЕТЕ СВЕЖО ИСЦЕДЕН СОК
Свежо исцедениот сок од мандарина е совршен избор за свеж почеток на денот. Во 100 грама сок од мандарини иmа 180 милиграми калиум, 18 милиграми калциум, 8 милиграми магнезиум, 14 милиграми фосфор, а тука е и железото, цинкот и бакарот, со изобилство на антиоксидативни фитохемикалии. Ако во текот на денот сте изложени на стрес, несоодветна исхрана и тешкотии во дигестивниот систем, предложуваме викенд детоксификација на организмот со мирисни мандарини.